Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров со четири постигнати гола беше меѓу најдобрите стрелци во тимот на Атлетико Мадрид во куп триумфот над Адемар Леон со 35-28.

Темпото на мечот кој се одигра пред две илјади гледачи во салата во Мадрид го диктираа“црвено-белите“ кои имаа констатна предност. Агиналде со 10 гола беше најпрецизен, додека покрај Лазаров по четири гола уште дадоа Парондо, Маркусен и Кањелас.

Полуфиналето од 37 Копа Дел Реј се игра в сабота, а Атлетико ќе го пречека подобриот од дуелот Таравиха и Каха Арагон.

М.П.