Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров со тимот на Атлетико Мадрид триумфираше во Кралскиот куп. “Јорганџиите“ беа подобри од Натурхаус Ла Роха со 38-28.

Мадриѓани до победата ги предводеа ЈУркиевич и Агиналде со по 8 постигнати гола, додека Лазаров 4 пати ја тресеше противничката мрежа.

Титулата во купот е трет последователен триумф на Атлетико Мадрид.