Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со тимот на Атлетико Мадрид стартуваше со победа на ИХФ Супер глоб турнирот во Доха.


“Јорганџиите“ со 28-23 го совладаа тимот на катарскиот Ал Јаиш на чиј гол беше голманот на Металург Дарко Станиќ.

Лазаров со седум постигнати гола беше најефикасниот играч на мечот. Во втората рунда Атлетико ќе игра против бразилскиот Методиста Сан Бернардо од Сао Паоло.