Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров со осум погодоци го предводеше Сиудад Реал до победата на гостувањето кај Костанца во Романија со 34:28.

Во тимот на Костанца настапи македонскиот интернационалец Бранко Ангеловски кој не успеа да ја затресе мрежата на шпанскиот тим.

Резултати од третото коло во Лигата на шампионите.

Група „А“

Барселона – Цеље 44:33
Кил – Киелце 33:29
Рајн Некар – Шамбери 37:22

Табела: Рајн Некар 6, Кил 5, Барселона 3, Цеље и Шамбери по 2, Киелце без бод.

Група „Б“

Колдинг – Хамбург 32:30
Веспрем – Монпеље 27:26
Савехоф – Татран Прешов 33:32

Табела: Веспрем и Колдинг по 6, Монпеље, Хамбург и Савехоф имаат по 2, Татран Прешов без бод.

Група „Ц“

Кадетен Шафхаузен – Ваљадолид 28:30
Динамо Минск – Чеховски Медведи 27:34
ПИК Сегед – Копенхаген 37:28.

Табела: Ваљадолид и Чеховски Медведи имаат по 5, ПИК Сегед 4, Динамо Минск 2, Кадетен Шафхаузен и Копенхаген имаат по 1 бод.

Група „Д“

Костанца – Сиудад Реал 28:34
Флензбург – Босна 35:23
Санкт Петерсбург – Загреб 28:35

Табела: Сиудад Реал 6 бодови, пред Загреб со 5, Флензбург има 4, Санкт Петерсбург има 2, Босна 1, а Констанца е без бод.

Ohridnews