– Да го вратиме противникот во живот ни се случува по втор пат, што е загрижувачки. Верувам дека сите ќе ги остраниме грешките и наредните мечеви ќе ги одиграме како првото полувреме против Катар. Имаме ден одмор,а потоа следува дуелот со Исланд. Имаме голем проблем да ја пробиеме одбраната 3-3, и на тоа ќе треба да ставиме поголем акцент – истакна капитенот после натпреварот.
Натпреварот со “рибарите“ македонската селекција го игра вторник во 18:00 часот.