Македонскиот вицепрвак Вардар полесно од очекувањата го совлада рускиот состав на Чеховски Медвиди и прокнижи нови два бодови на табелата во групата.

Германскиот бундеслигаш Рајн Некар Ловен е следен противник на Вардар во третата рунда од групната фаза од ЛШ.
– Тие според мене се најквалитетната екипа во Германија. Нема да биде вака како на дуелот со Чеховски Медведи, но ние ќе направиме се оваа арена да биде непосакувана за сите кои ќе гостуваат тука – потецираше Немања Прибак.
Мх.П.











