Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и Атлетико Мадрид се пласираа во финалето за разигрувањето во ЛШ во Келн, откако со 31-24 го совладаа словенечкиот Копер.

Пред 10 илјади гледачи во салата во Мадрид, “црвено-белите“ успеаа да ја анулираат негативата од првиот меч (26-23) и се најдоа меѓу најдобрите четири во Европа. Лазаров постигна четири гола во победата.

Покрај Атлетико Мадрид, во Келн патува Копенхаген кој го издржа притисокот на Барселона. Данците успеаа да ја зачуваа позитивата од 6 гола, а претпреа пораз 36-33.

Последните два патниka ќе бидат познати по реванш мечевите меѓу Берлин – Адемар (34-23) и Кил – Загреб (31-31).