Сиудад Реал (Шпанија), за кој игра и македонскиот интернационалец Кирил Лазаров, од утре до 18 мај ќе настапи на неофицијалното светско клупско ракометно првенство во катарскиот град Доха


Лазаров минатата година играше за Ал Сад од Катар и беше прогласен за најдобар играч. Годинава првпат ќе настапат осум, наместо шест клуба од пет континенти, а наградниот фонд изнесува 750.000 долари. Титулата ја брани Сиудад Реал.

– Со оглед на тоа што сега немаме големи обврски во шпанскиот шампионат, ова за нас ќе претставува убава можност за последна подготовка и воедно проверка на нашата форма пред она што нé очекува на завршниот фајнлфор во Лигата на шампионите – вели Лазаров.

Најдобрите од двете групи директно ќе се сретнат во финалето на 18 мај.

Ohridnews