Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ќе биде една најголемите ѕвезди на Светското првенство во ракомет кое ќе се игра во Шпанија од 11 до 27 јануари.


Терените во Шпанија нема да се непознати за Лазаров, кој стандардно настапува во шпанскиот Атлетико Мадрид. Лазаров очекува силен и квалитетен шампионат и има голема надеж дека репрезентацијата уште еднаш ќе ја израдува нацијата.


Македонскиот бомбардер е сопственик на рекордот по постигнати голови на Светско и Европско првенство. Пред четири години во Хрватска на СП,  “бум бум“ Лазаров постигна 92 погодоци и за шест голови го подобри рекордот на Јужнокореанецот Јун.


Македонија премиерата на светскиот собир во Шпанија ќе ја има против Чиле, во сабота во 15:45 часот.

Мх.П.