Ракометната селекција на Македонија претрпе пораз од Србија на финалниот натпревар на турнирот кој се одржа во нашата земја. „Црвено жолтите“ имаа шест погодоци позитива, која на крајот не се покажа доволна за победа над „орлите“.

Токму тој беше најефикасен и предводник на македонската репрезентација која за неполна недела ќе биде дел од европскиот ракометен крем.
– Имавме одличен спаринг-партнер во репрезентацијата на Србија. Сметам дека оваа Србија е дури и подобра од онаа пред де години, кога го освои второто место на ЕП во нивната земја. Задоволен сум од прикажаното на овие два контролни меча, го дадовме максимумот и против Србија посакуваме победа. Сепак, остануваат одредени финеси во нападот и во одбраната, кои ќе мора да ги подигнеме на повисоко ниво, бидејќи тие можат да се покажат како пресудни на дуелите кои не очекуваат во Данска. Мораме во тие решачки моменти да бидеме многу посконцентрирани. Но, турнирот е зад нас, утре имаме слободен ден, а потоа продолжуваме со завршните подготовки во Скопје – заврши Лазаров за „Нова Македонија“.
Македонија во Данска првиот натпревар ќе го одигра против домаќинот на стартот од шамионатот.
Мх.П.










