Десниот бек на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е меѓу десетте ѕвезди кои ќе настапат на престојното Европско првенство во Данска.

Лазаров, неколку години наназад важи за еден од најдобрите десни бекови во ракометот, а пак тоа го потвурдува со феномални партии во дресот на Барселона и во националната селекција.

Покрај македонскиот репрезентативец на списокот се наоаѓаат : Микел Хансен (Данска), Домагој Дувњак (Хрватска),  Никола Kарабатиќ (Франција), Јулен Агинагалде (Шпанија), Филип Јиха (Чешка), Марко Вујин (Србија), Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд), Матијас Андерсон (Шведска), Сергеј Рутенка (Белорусија).

Најверојатно еден овие десет ракометари на 26 јануари да се радува на пехарот од европскиот шампионат.

Мх.П.