На првиот натпревар од мундијалот во Шпанија, македонската ракометна репрезентација забележа победа, но не успеа да плени со прикажаната игра. Репрезентативците од почетниот грч се ослободија некаде околу 20-та минута кога поведоа со 9-8, а осцилациите во играта се одвиваа во текот на целиот меч.

– Сите очекувавме дека ова ќе биде полесен меч, но се случи спротивното да се бориме до последната секунда за победа. Натпреварот со Чиле е минато, но мора да извлечеме поука која нема да ни се повторува на наредните натпревари. Сеуште верувам и сметам дека сме врвна селекција, а тоа ќе го потврдиме во следните мечеви од мундијалот – потенцираше Лазаров.

Капитенот на македонската репрезентација со осум голови беше најефикасен ракометар во македонскиот состав.

Мх.П.