Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е избран за најдобар спортист во Македонија за 2013 година. Во женска конкуренција наградата за најдобар замина во рацете на ракометарката на Вардар, Билјана Црвенкоска.

Во изборот на Сојузот на Спортови покрај индивидуални награди беа доделени и признанија и благодарници.
Сите наградени на церомонијата на Сојузот на Спортови : Кирил Лазаров (најдобар спортист), Билјана Црвенкоска (најдобра спортистка), Ракометна федерација (Најдобра спортска федерација), Драган Атанасовски (најдобар тренер), Репрезентација на Македонија во куглање (најдобра машка селекција), Ракометна репрезентација на Македонија (најдобра женска селекција), Берат Јакупи (најдобар млад спортист), Лина Ѓорческа (најдобра млада спортистка), Андреј Стојановски (најдобар спортист со инвалидитет).
Мх.П.










