Селекциите на Тунис и Чиле се шансата на Македонија во квалификациите за Олимписките игри во Рио. Поразот од Полска на стартот нема да значи ништо ако „црвено жолтите“ триумфираат во следните два мечеви.
– Имав чувство дека можеме да ги добиеме и покрај поразот се уште го држам тоа во мене. Овој пораз не значи ништо, нашата цел останува иста. Мора како многу пати до сега да се издигниме и да одиграме два квалитетни мечеви кои не очекуваат. – рече капитенот Кирил Лазаров.
Вистинско освежување во селекцијата беше Никола Митревски кој собра осум успешни интевенции во вториот дел.
– Крајниот исход не ја покажува вистинската слика на мечот, но ние самите сме криви за овој пораз. Полјаците го искористија нашиот пад на средината од првиот дел, се одлепија и ја задржаа предноста до крајот. – додаде голманот Никола Митревски.
Македонија без шанса против Полска
OhridNews