Репрезентативците на Македонија ги оставија математиките на страна и без штедење и калкулирање и се спротиставија на Шпанија, која на крајот славеше со 29-25.


– Не калкулиравме, влеговме со цела сила и одигравме супер натпревар. Господ за таквиот влез во мечот ќе не награди кога нам ќе ни биде најпотребно. Да ја надмудриш шаховски шпанската одбрана едно полувреме не е мала работа. – изјави после мечот капитенот на Македонија, Кирил Лазаров.

Најдобриот стрелец во македонската селекција имаше големи замерки за судењето во текот на целиот шампионат.

– Прв пат вака јавно говорам, но морам да реагирам, бидејќи судењето не само на овој меч туку општо на шампионатот е многу лошо. Почнувајќи од дуелот со Тунис кога беа делегирани судии недораснати за таков меч, па се до денеска кога сите дискутабилно одлуки заминаа на страната од Шпанија. – додаде капитенот.

СП: Македонија храбро „падна“ против Шпанија

OhridNews