Неизвесен е настапот на двата квалификациски меча за пласман на ракометното ЕП 2012 година против Унгарија, на 9 и 13 март.

Капитенот на македонската репрезентација се повреди на дуелот од Лигата на шампионите против Санк Петербург. Шпанскиот тим Сиудад Реал победи со 32-27, но, Лазаров  се повреди и ќе ги пропушти следните три меча од Лигата на шампионите.


Македонија во март има двомеч со Унгарија. Теоретски и со два пораза од седмопласираниот тим од последното СП, ние остануваме во игра за второто место во квалификациската група што би не одвело на ЕП во Србија, в година.

Со победа над Унгарија драстично ќе ги зголемиме шансите за пласман на континенталниот собир во Србија.Со евентуален неуспех Македонија шансата ќе ја бара на мечoт  со БиХ, во Скопје на 11 или на 12 јуни.

Ohridnews