Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со десет голови повторно беше движечката сила на “црвено жолтиот“ состав. Македонија во четвртата рунда од групната фаза на мундијалот ремизираше со Русија 26-26 и остана во игра за третото место.

– Нема селекција и народ како македонскиот. Колку било да имаме негатива никој на теренот и на трибините не се предава, затоа сме едни и единсвени. Горд сум на себе и на моите соиграчи кои се бореа до последниот атом да стигнеме до поволен резултат против Русија и успеавме во тоа – потенцираше капитенот на селекцијата Лазаров.

Предводникот на македонската репрезентација Лазаров повика на единнство во Македонија и да не се критикуваат ракометарите по поразите.

– Имаме доста млади ракометари кои со негативни критики ќе бидат исфрлени од ритам. Ја повикувам целата спортска јавноста да биде трпелива бидејќи ние најмногу сакаме да победиме. Поразите се составен дел од играта затоа треба да бидиме смирирени пред клучниот натпревар со Данска – заврши Лазаров.

Мх.П.