– Репрезентацијата на Австрија сигурно не е селекција од која треба да стравуваме. Не доаѓа од ракометниот крем, но во секој случај мора да бидеме претпазливи – се првите импресии капитенот Кире Лазаров по одредувањето на бараж двојките за пласман на СП 2012 година во Шпанија.
Тој потенцираше дека за постигнување на поголеми резултати потребен ни е континуитет од настап на големи натпреварувања.
Не го сметам за хендикеп тоа што првиот меч ќе го играме на домашен терен, а реваншот на гости. Досегашните настапи ги обезбедивме откако одигравме прво дома па потоа на гости, се надевам дека и сега ќе биде така – истакна Лазаров кој со 61 гол е апсолутен рекордер по бројот на постигнати голови на едно европско првенство.
Првиот бараж меч се игра на 9 јуни, додека реваншот седум дена подоцна во Виена.
М.П.