Втор мундијал по ред рекордот на Кирил Лазаров по постигнати голови останува во негова сопственост. Капитенот на македонската селекција Лазаров на планетарниот собир во Хрватска 2009 година постигна 93 погодоци и го надмина рекордот стар четиранаесет години на Јужнокорејскиот ракометар, Кјунг- Шин Јун.

На мундијалот во Шпанија најдобар стрелец со 54 погодоци дури 39 помалку од рекордот на Лазаров, беше данскиот крилен ракометар Андерс Егерт. Втор на листата на стрелци на СП е ракометарот на Хрватска, Иван Чупиќ.

Во 2011 година на Светското првенство во Шведска, најефикасен ракометар со 68 голови беше Микел Хансен.

Рекордот на Лазаров во негова сопственост ќе остана најмалку уште две години до наредниот мундијал во Катар 2015 година.

Мх.П.