Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров со Суидад Реал ќе се судри со
Хамбург во полуфиналето од ракометната Лига на шампиони.  Противници на Лазаров ќе бидат поранешните соиграчи од Загреб, Игор Вори и Домагој Дувњак.


Во втората германско – шпанска пресметка ќе се сретнат Барселона и Рајн Некар.

Лигата на шамиони ќе има нов првак , откако ланскиот првак Кил беше елиминиран во четвртфиналето. Фајналфор-турнирот се игра на крајот на мај во Келн.

 Ohridnews