Сиудад Реал во кој настапува Кире Лазаров во својата група извојува три победи и во финалето ќе игра против ТХЛ Кил од Германија екипа што исто така беше прва во својата група.


Во првиот меч против СС Старс од Австралија Сиудад победи со 45:17, а Кире имаше помала минутажа против слабиот противник и постигна три погодоци од исто толку обиди. Втората средба беше со Замалек од Египет, Сиудад победи со 33:25, Кире беше стрелец на 4 погодоци од 8 обиди. Третата средба во групата беше со  Ал Сад од Катар  екипа за која минатата година на овој ист турнир играше Лазаров како позајмен играч заедно со Ивано Балиќ. Сиудад победи со 33:28, а нашиот Лазаров беше извонреден со 8 погодоци од 10 обиди. Од поле имаше ефикасност 4/4, од крило 1/1, од контри ½ и од пенал ½.

Сепак вистинскиот тест е Кил кој беше прв во групата А и финалето кое е на програма утре. За третото место ќе играат Ал Сад од Либија и Замалек од Египет, а 5 место Пињеирос од Бразил и Ал Сад од Катар, а за 7 место Ал Рајан од Катар и С.С. Старс од Австралија.

“извор Макфакс“
Ohridnews