Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров постигна вкупно 18 гола на двата  против Грањолерс и против Валјадолид, и го освои Кралскиот куп во Шпанија.


Тимот на Сиудад Реал во финалето го победи Валјадолид со 31-22, а Лазаров постигна шест гола. Тоа е третиот трофеј за тимов сезонава, по триумфите во Суперкупот на Шпанија и АСОБАЛ купот. Претходно Сиудад Реал го победи и Грањолерс со 40-33, а Лазаров постигна 12 гола .

Сиудад Реал не е во трка за титулата во домашниот шампионат бидејќи има “недостижни“ шест бода зад лидерот Барселона. Шпанскиот тим во четврт-финалето на ЛШ игра со Флензбург.

Ohridnews