Предводникот на македонската репрезентација Кирил Лазаров уште ја потврди големата спортска величина. Пред премиерата на Светскиот собир во Шпанија, Лазаров рече дека ни еден проблем нема да ја нуриши и дестабилизира македонската фаланга.


– Во минатото се случувале вакви работи, но секогаш сме излегувале како победници, па нека биде така и сега. Ќе ги оставиме сите негативни работи зад нас, за да можеме да се фокусираме на првиот натпревар на СП. Сите на теренот против Чиле нека ја одбработат својата задача максимално и да се радуваме на победа – потенцираше Лазаров.

Македонија мечот против Чиле го игра во 15:45 часот во “Палатата на спортовите“ во Севиља.

Мх.П.