По неколку месечна дилема ,стигна и официјална потврда. Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров го напушта унгарскиот Веспрем и од наредната сезона ќе го носи дресот на загребскиот “Croatia “осигурање.
Лазаров го напушта Веспрем, поранешен Фотекс, со 4 наслови шампион и три освоени унгарски купа, како и два настапи во полуфиналето во лигата на шампиони. Моментално Лазаров е најдобар стрелец со 82 постигнати гола во Лигата на Шампиони каде Веспрем ги заврши натпреварите во ¼ финалето по поразот од Кил.

Желбата на капитенот на македонскта ракометна репрезентација е Барселона. На 26 години сум во полна играчка зрелост и овие две сезони во Загреб ќе ми бидат своевидна подготовка за предизвикот да играм во некоја од најсилните европски лиги, шпанската или германската Си ја знам мојата цена, а Барселона постапи малку потценувачки и не понуди доволно. Сепак, ми останува сон да играм за неа. Има уште време за еден така голем клуб, изјави Лазаров.
Мирко Постолоски










