Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за вечерашниот дуел со Чешка направи една промена во составот во однос на средбата во Злин од пред четири дена.
Лазаров одлучи на местото на Марко Митев во националниот тим да биде Михајло Младеновиќ.

Натпреварот од финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2023, ќе се игра вечер од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот натпревар во Чешка заврши нерешено 24:24. зс/











