Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и официјално беше промовиран за нов ракометар на францускиот клуб Нант.
Десниот бек уште во април месец го одбра францускиот состав за свој нов клуб, кој ќе се натпреварува во Лигата на Шампиони.
– Кога го бирав мојот нов клуб, бирав тоа да биде клуб кој ќе игра во Лигата на Шампионите. Сметам дека клубот ќе расте од година во година. Едвај чекам да започнам со работа и да настапам за Нант во француското првенство и во Лигата на Шампионите. – изјави Лазаров за клупската интернет страница.
Помошник тренер на Лазаров во Нант ќе му биде екс соиграчот Алберто Ентрериос, додека соблекувалната Македонецот ќе ја дели со Гурбиндо и Беленгер.
Нант во групната фаза во ЛШ се наоѓа во група со поранешниот клуб на Лазаров, Барселона, Европскиот првак Вардар, Целје, Пик Сегед, Висла Плок и Кристијанштад.
OhridNews