Репрезентацијата на Македонија со реми против Исланд (27-27) го осигура третото место во Б групата. До нерешениот исход Македонија стигна со маестрална игра во последните 10 минута кога анулираа негатива од пет погодоци.


– Извлековме максимум од овој натпревар, а не игравме онака како што знаеме. Ракометарите на Исланд имаа ден и пол одмор повеќе да се одморат и да се подготват тактички против нас. Ние тоа го немавме, но можеби и подобро. Физичкиот недостаток го надополнивме играјќи со срце и со голема желба која не одведе до реми. – изјави капитенот Лазаров.

Македонија во 1/8 финалето силите ќе ги одмери со Норвешка која заврши во А групата позади лидерот Франција.

СП: Македонија против Норвешка во 1/8 финалето

OhridNews