Македонската ракометна репрезентација има резултати за заборав на Мундијалот во Египет. Активирањето на статусот на „прва резерва“, после откажување на Чешка, не се покажа најдобро за „црвено жолтите“, кои до сега претрпеа четири двоцифрени порази во пет натпревари. Единствен натпревар во кој Македонија победи, беше дуелот со Чиле, кој пак, одлучуваше за пласман во главната рунда.

Искрен и директен околу резултатите и настапите на Македонија на Светското првенство во Египет беше капитенот Кирил Лазаров. Десниот бек и најдобриот ракометар на сите времиња рече, дека играчите исто како и цела Македонија тагуваат после сите тешки порази на Мундијалот, но дека учеството е добродојдено да се согледа ситуацијата.

На некој начин го допревме дното, па сега мора да пробаме со стратегија да напредуваме, бидејќи не смееме да се откажеме. – изјави Лазаров.

Во продолжение можете да го погледнете целото интервју на Лазаров за хрватските медиуми.

OhridNews