Ново големо признание за македонскиот ракометен интернационалец Кирил Лазаров. Тој беше избран во најдобрата седморка на шпанската ракометна ASOBAL ЛИГА за сезоната 2013/2014.

Другите двајца членови на олстар составот на лигата за минатата сезона се левото крило Хосе Марио Карилјо од Адемар Леон и средниот бек Алваро Руиз од Грањолерс. Левиот бек на Барселона, Виран Морос, пак, е прогласен за најдобар дефанзивец во лигата.
Иако Барса ја освои титулата со максимални 30 победи, Хавиер Пасквал не го понесе признанието за најдобар тренер, туку Антонио Гарсија од Грањољерс, кој заврши трет во првенството.
Ohridnews










