Полската Легија е последниот тим во низата кој зрази желба во својот состав да го види македонскиот репрезентативец Александар Лазевски. Крилниот офанзивец вели дека не е заинтересиран за напуштање на тимот од Хумска.


–    Среќен сум во Партизан и не размислувам да заминам. Овде пораснав, научив се што знам, сакам со “парниот ваљак“ да ја освојам двојната круна и моите мисли се врзани за “црно –белите“ – вели Лазевски.

Претходно интерес за македонскиот репрезентативец покажа турскиот Трабзонспор.

М.П.