Повредата на македонскиот репрезентативец Александар Лазевски, по дополнителните лекарски прегледи се покажа дека не е од потешка природа. Левиот бек на Партизан се повреди на почетокот од мечот со Хајдук во Кула (0-4) и не можеше да го продолжи мечот.


Лазевски ќе ја пропушти викенд пресметката со ОФК Белград, но ќе биде спремен за првиот натпревар од полуфиналето против Црвена Звезда наредната среда на стадионот на Партизан.

Лазевски кој е најмладиот капитен на македонската фудбалска репрезентација се очекува да се најде на списокот на селекторот Мирсад Јонуз за дуелот против Ирска во Даблин.