Вчера доцна вечерта, со нов анонимен телефонски повик во Министерството за внатрешни работи било пријавено дека е подметната бомба која ќе го крене Собранието на Република Македонија во воздух.
Непознато лице се јавило во 23.02 часот во полиција и пријавило дека има бомба во Собранието, по што веднаш Единиците за антитероризам излегле на терен. Сепак, дојавата била лажна и дошла од говорница од затворот Идризово. Лицата кои во тоа време биле присутни во Собранието биле евакуирани.
Ова е втор ваков обид за неколку денови откако викендов пијан маж се закани дека ќе ја ракетира Владата РМ. Полицијата веднаш преземала мерки по што утврдила дека станува збор за 60- годишно лице од Скопје. При претресот кај него бил пронајден мобилниот телефон од кој се јавил на 192.
OhridNews
извор Макфакс