Утрово во 05,30 часот во Оперативниот центар на Царинска Управа на телефонскиот бр.197 се јавило непознато машко лице кое предупредило дека во објектот е поставена бомба.
„Излезете, во зградата имате бомба“, рекол непознатиот, по што врската била прекината,
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на заканувачот.