– Со одлука на ОН за првпат службено, 2011 год. е прогласена за меѓународна година за заштита на шумите во целиот свет. Тоа е резултат што шумските зелени појаси имаат широк спектар на еколошка заштита врз планетата или одредена животна средина. Тоа е одраз што климатските промени многу побргу можеме да ги почувствуваме ние граѓаните како припадници и жители на земјата. На нашата планета има 1,6 милијарди км3 водена површина од која 99,5% припаѓа на солената вода, односно морињата и големите океани, а само 0,5% припаѓа на слатката вода или вода за секојдневни употреби на граѓанинот.Тоа е вода која се користи за потребите во аграрот, производствено-технолошките процеси и вода за потребите на хидроцентралите во процесот на производство на електрична енергија. Сево ова укажува оти мораме со слатките водни ресурси одговорно да работиме при нивната употреба, а еколошки совесно да се понашаме спрема шумските зелени појаси, потенцира Наумоски.
Лазо Наумоски: Со слатките водни ресурси одговорно да се однесуваме
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com