Марјан Лазовски е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Поранешниот тренер на охридскиот АМАК СП за ohridnews  ја потврди информацијата.


– Попладнево имав состанок со раководните лица на федерацијата на кој ги договоривме деталите околу моето превземање на селекторската позиција – ни рече Лазовски.

Лазовски доаѓа на местото на Докузовски, кој замина во бугарскиот Лукоил Академик. Популараниот “Маки“ беше првиот човек во тимот на “војсководецот“ Марин во походот кон Европскиот врв.


– Она што се случи во Литванија беше неповторливо, сега најважно е да се одржи континуитет и да се избори пласман на Олимписките игри во Лондон. Секако дека ова е голем предизвик и чест за мене – истакна Лазовски.

М.П.