Марјан Лазовски со Торус беше подобар од Игор Гацов со МЗТ Скопје во дуелот на поранешните тренери на охридскиот КК Амак СП.  Кошаркарите на Торус приредија големо изненадување, совладувајќи го тимот на МЗТ Скопје со 81-75.


И Гацов и Лазовски по една година го водеа охридскиот тим кога тој се натпреваруваше во првата лига. КК Амак СП во 2009 година со Лазовски на клупата успеа да го освои трофејот во националниот куп.

Една сезона подоцна клубот поради финасиски проблеми се откажа од натпреварувањето.

М.П.