Најмладите згрижени во струшката детска градинка „8- ми март“, отсега, познатите рефрени од детски песни со кои ги подготвуваат приредбите,ќе можат да ги слушаат на нови и современи музички системи.

До градинката, деновиве беше доставена донација која се состои од два сараунд музички системи, фотоапарат и пелени за јасли, набавени со средства собрани на неодамна одржаната аукциска продажба, која во организација на Локалната агенција за развој и клубот Сороптимист,  се одржа во клубот „Оаза“.

На аукциската продажба присутите имаа можност да купат лични предмети од неколку познати стружани, меѓу кои и фудбалерот Величе Шумуликоски, ракометарот Наумче Мојсовски, Артим Шаќири.

Акцијата се одржа во рамки на проектот Филантропија- човекољубие на дело, со поддршка на Центарот за институционален развој од Скопје, програмата CIVICA Mobilitas, невладините организации, како и Швајцарската агенција за развој.

Од клубот Сороптимист и ЛДА најавуваат низа хуманитарни акции и во текот на наредниот период .

Т.К.