ЛДП бара да се објави договорот за рекреативната зона во центарот, од општината тврдат дека се е по закон
12.01.14 19:21
Општинската организација на ЛДП – Охрид бара локалната самоуправа јавно да го презентира договорот за поставување на лизагалиштето во центарот на Охрид, заради, како што се наведува во соопштението, разјаснување на сите нејасностии поврзани со овој проект присутни во јавноста.
-Имено, неофицијално, договорот е потпишан од секретарот на Оштина Охрид и затоа бараме од истиот да покаже респект кон граѓаните и јавно да каже што е потпишано со кого е потпишано и под кои услови. – стои во соопштението.
Доколку истиот не биде презентиран јавно, советникот на ЛДП Дејан Блажески најави дека ќе поднесе кривична пријава до потписникот на договорот и Општина Охрид.
Реагираше локалната самоуправа, од каде велат дека советникот Дејан Блажески и ЛДП, по јавната поддршка на проектот преку социјалните мрежи сега се пишманат и очигледно неможат да го замислат плоштадот и лизгалиштето како проект кој е прифатен од граѓаните на Охрид.
-Неможат да прифатат успешен проект, кој наиде на огромно задоволство на граѓаните од Охрид, посебно на младите од градов. Ниту нивниот ментален карактер ќе прифати дека секоја постапка на локалната самоуправа, вклучувајќи го и проектот лизгалиште ги помина сите законски процедури, поими кои во нивниот речник не постојат и немаат никакво значење. Неможат да прифатат дека лизгалиштето е атракција за сите, место кое станува препознатлив дел од градот, во кои се случуваат весели и позитивни настани, се прославуваат бракови, родендени, се склопуваат пријателства, а пред се младите тука практикуваат здрави навики и спорт. И сето тоа на задоволство на локалната самоуправа и на сите граѓани, освен за неколкумина деструктивци кои се исполнети со омраза кон се она што не е нивен личен или партиски интерес. Очигледно, дека сликата за новогодишните и другите празници, кога во Охрид беше евидентиран најголем број на гости во историјата на Охрид, во овој период и нивните позитивните импресии, го вклучија партискиот разурнувачки аларм, свесни дека нешто добро се случува во Охрид. – стои во реакцијата на локалната самоуправа.
Живееме во време на изместени вредности во кое потрагата по материјалното е приоритет Не изградивме општеството кое младите ќе ги задржи тука и затоа не треба да се чудуме што тие иднината ја гледа...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на конститутивната седница на советот, која се одржа денеска во Охрид Од...
СВР Охрид, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација, со цел, укажување на штетноста од нелегалната употреба ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.