ЛДП изразува жалење, како што велат,поради огромното фијаско на проектот Субрата.

– Премиерот и неговите министри на крајно несериозен  начин си поиграа со граѓаните, сервирајќи им успешна приказна  на еден од најпримитивните начини, потикнувајќи ја  лажната надеж во оваа сериозно осиромашена земја. Субрата Рој е само едена демаскирана лага од многуте на оваа власт. Портокаловата “галантонска”  белосветска измама резултираше со очекуваниот епилог. Нити трага од најавената  инвестиција во земјоделството вредна 211 милиони евра, односно договорот потпишан со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство со  компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој.  Уште повеќе изненадува дрскоста на министерот за финансии  кој после ваквиот дебакал на проектот кратко и по принципот не сум од овде  изјави дека – банарската гаранција на бизнисменот Субарата Рој е активирана во согласност со законите кои важат за сите инвеститори, вели претседателот на општинската ЛДП, Дејан Блажески .

Од ЛДП со прашања до премиерот и министерот Ставрески- дали трите милиони евра кои треба да се платат како  резултат на неисполнување на обврските  може да ја платат довербата на граѓаните кои биле принудени да бидат статисти во „циркусот“ Субрата, дочекан со аплаузи и прегратки   на начин на  кој што  се дочекуваат  високи државници.

– ЛДП го прашува министерот Ставрески дали е  во согласност со законите, моралот и пристојноста  на еден светски шаралатан и затвореник најдобро друштво да му биде владиниот врв?ЛДП бара неотповиклива оставка од премиерот проследена со едно големо извинување кон граѓаните за лажната надеж и голготата на луѓето кои имаа имот во Љубаниште, за фестивалите и дочеците со нивните пари, за аплаузите на Охридско лето кон еден светски криминалец, за притисокот кон црковните лица како и за субвенциите кои планираа да му ги дадат на сметка на земјоделците- кои ги добиваат нередовно и селективно, рече Блажески.

Тој побара од премиерот, во согласно со законите, да понесе правна   одговорност, како шо рече, без да се крие зад скандалозно соопштение кое ги понижува граѓаните во кое вели дека тој никогаш не рекол дека Субрата ќе инвестира или нема да инвестира.

OhridNews