Се разгорува битката за претстојните локални избори. Се формира нова коалиција на Либерално демократската партија –ЛДП, ДОМ и други помали политички партии и проевропски невладини организации, велат партиски извори за OhridNews.

По одлуките на централните одбори на ЛДП и ДОМ, веќе во среда се најавува промоција на новата коалиција во Скопје.

ЛДП се одвојува од владејачката коалиција и формира сопствена за претстојните локални избори во Охрид

Во Охрид, засега се спомнува името на Горан Симоноски претседател на ЛДП-Охрид, и актуелен директор на центарот за култура Григор Прличев-Охрид, како носител на советничка листа на новоформираната коалиција, како и на познат бизнисмен.

За кандидат за Градоначалник на новата коалција се спомнува име на познат адвокат од Охрид. Дознаваме дека оваа коалиција ќе биде поддржана од бизнисмени од САД, повратници, кои се сопственици на повеќе хотели на Охридско-струшката ривиера.

Г.М.