На трибината, која ќе се одвива интерактивно при што секој присутен ќе може да поставува прашања, акцентот ќе се стави на промоцијата на платформата на ЛДП, насловена како “ Има излез”.
– Платформата не е конечна, што значи отвоорени сме за сугестии и предлози кои потоа ќе бидат разгледани од стручните лица кои ја подготвуваа и доколку се прифатливи ќе бидат вградени во неа, рече на денешната прес конференција секретарот на ЛДП- Охрид, Дејан Блажески.
Тој потенцира дека ЛДП како единствена реална партија на центарот преку трибините има за цел да допре до секој граѓанин и да го промени црно- белиот свет во кој живеат граѓаните.
– ЛДП се наметнува како трета опција, која нуди избор за македонскиот граѓанин стиснат во менгемето помеѓу бесперспективниот опортунизам на пост- комунистите и опасниот популизам на националистите, рече Блажески.
Трибината ќе се одржи во хотел Ривиера со почеток во 19 часот.