Оттаму, информираат дека во подготовките на програмата со која ќе настапат на изборите веќе се вклучени компетентни лица и дека истата ќе се базира на непопулистичка и на реална основа.
– Докажавме дека сакаме да работиме на долги патеки, а не на инстант политика, која кратко може да ве крене, но долгорочно да ве уништи. Се водиме од правилото дека граѓаните ги препознаваат нашите пориви на искреност. Турбулентната политичка сцена како и изборниот модел премногу ни го стеснуваат просторот за какви и да било избрзани одлуки и решенија, велат членовите на раководните тела од ЛДП, Охрид.
Тие се надеваат дека по Локалните избори ќе бидат позастапени во институциите на системот и дека од таа инстанца ќе ги решаваат проблемите на граѓаните.
–Тука сме на првата линија од политичкиот фронт и доколку постои демократска клима, не се исклучува секаков вид на политичка борба, па и самостојно. Нормално, пресуден збор ќе имаат гласачите и нивната желба, велат од охридската ЛДП.
Оттаму објаснуваат дека за избор на личноста кој ќе се кандидира за градоначалник на Охрид пресуден треба да биде нејзиниот квалитет, а не партиската активност и популарност.
-Нас како ЛДП, никогаш не ни недостигале кадровски решенија, веројанто ни недостига масовноста. Затоа и работиме на тоа. Во двете најголеми партии гледаме дека, при досегашниот избор на кандидатите влијаела нивната партиска позиција, а не квалитетот. Неоспорен е фактот дека и кај нив постојат многу квалитетни луѓе кои се маргинализирани, а на локалната политичка сцена секојдневно гледаме не само недоволно образовани личности, туку и отсуство на личност кај истите, сматаат охридските либерал- демократи.
Нивниот впечаток е дека предвремената изборна кампања не е започната сега, туку дека Македонија константно е во кампања.
-Двете најголеми партии продолжуваат да работаат на популизмот, и сметаат дека истиот ќе им донесе политички поени. Веќе долго време има отсуство на конструктивни предлози и решенија и се се сведува на добро познатата реторика, од која никој нема корист. Понекогаш сматаме дека иако се ривали, како да имаат слична матрица, велат либералдемократите.
Тие нагласуваат дека, ваквата состојба создава тензија, која може негативно да се одрази врз претстојните избори и самиот демократски процес.