
-„Пратенику” за кој сметаме дека треба да Ти биде одземен имунитетот, мора да знаеш дека природните непогоди не се место за политички популизам. Уште повеќе, мора да знаеш дека во светот многу туристички атракции имаат сериозни природни катастрофи, но најголемата штета на туризмот ја прави (не)безбедносната состојба во земјата. За разлика од Вас, сметаме дека земјотресите се природна непогода за која никој не е виновен. Граѓаните ќе бидат обесштетени, но Вие намалете со употреба на плеоназми (спој од повеќе зборови од кои повеќето се сосема непотребни) и побарајте си соодветна правна заштита. Во медицината истиот израз има многу поинакво значење, на пример зголемен број прсти на екстремитетите. ЛДП повикува на што е можно побрзо покренувања обвиненија и колку што е можно поефикасно спроведување на правото и правдата. – стои во соопштението на ОО ЛДП Охрид.
OhridNews
Охридските пратеници бараат државата да ги субвенционира штетите од земјотресите











