– Основно за секој град е неговиот развој, а од приложениот предлог буџет се гледа дека се намалени средствата за капитални инвестиции, а се продолжува со зголемено финансирање на јавните претпријатија. ЛДП е позната по нејзините конструктивни реакции, се надеваме дека така ќе се сфати и оваа. Потсетуваме дека расходите кои се однесуваат на службени патувања и ставките под други расходи , каде што знаеме дека постои најголема манипулација на средствата на граѓаните, треба да бидат намалени на сметка на оние кои се однесуваат за равој на туризмот и капиталните инвестиции, потенцираат од ЛДП.
ЛДП не го подржува изгласаниот општински буџет за 2012
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com