ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид бара поведување на иницијатива за дислокација на спомен-обележјето на Григор Прличев и му предлага на Советот на Општина Охрид, да донесе решение за истата.


  • Несомнено е дека спомен-обележјето на Григор Прличев, истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век, треба да има адекватно место. Сведоци сме дека на моменталната локација на која се наога спомен- обележјето, пред Градската библиотека, поставени се контејнери во негова непосредна близина со што, не само што се нагрдува сликата за споменикот, туку во најмала рака тоа е недопустливо, деградирачко и неодговорен однос кон ликот и делото на Прличев, потенцираат од ЛДП Охрид.

ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид предлага Спомен-обележјето на Григор Прличев да биде дислоцирано пред Националната установа- Центар за култура „Григор Прличев”, како што велат, за да се врати засужениот пиедестал кој го заслужува овој истакна сограѓанин.

OhridNews