Наместо да одговори на прашање на градски советник, да обвинува и да бара претставници на јавни претпријатија да коментираат штетност на договор, општината требаше да даде информација на јавност во врска со изградбата на малите хидроелектрани во Охрид. Ова меѓу другото стои во реакцијата на ОО ЛДП – Охрид во врска со пресот на МЈП Проаква. Во неа се истакнува дека неосновани се обвинувањата кон ЛДП оти дозволила да се потпишуваат штетни договори, бидејќи партијата тогаш не била во институциите на системот.

„Сериозен политички ентитет како ЛДП, нема да оквалификува каков е некој договор, а уште помалку договори кои значат пионерски инвестиции во енергетиката. Веќе две годни сте на власт и никако да побарате да се формира Надзорен орган за ова јавно- приватно партнерство во кој ќе има претставник за кој ќе одлучи советот, со што ќе се зголеми транспарентноста, ќе се заштитат интересите на граѓаните и ќе се извлече максимумот од ваквото партнерство. Затоа преку нашиот советник баравме да се доставуваат до советниците месечни, квартални и годишни финансиски извештаи.-се вели во реакцијата. 

ЛДП ја обвини актуелната локална власт за политичко спинување, кое има за целл да направи раздор во опозицијата и дека не е подготвена за соочување со состојбите.

„Прво, за ваша информација, кога се проектираат приливи, самиот збор ви кажува дека тоа се идни очекувања кои се засноваат на стручни предвидувања. Уште повеќе, кога се поврзани со временски услови .

Второ, вкупен приход во договори со приватен партнер, најчесто може да биде предмет на делба, кога приватен партнер ќе ви биде само некој од рангот на Субрата Рој.

Трето, благодарам за позитивната вест за тоа дека согласно договорот, по изминувањето на периодот од 40 години, хидроелектраните остануваат во владение на јавното претпријатие и градот , како и тоа дека двете страни имаат ист процент на право на гласови при носењето на одлуки.

Четврто, се надевам дека во следните јавно-приватни партнерства кои ви се во план, вкупниот приход ќе ви биде основа за делба и општината ќе учествува во капиталот со 1 процент, а не само декларативно да ја обвинувате опозицијата, а во пракса да спроведувате нешто сосема поинакво со далеку понеприфатливи услови за јавно-приватни партнерства . За илустрација само, во оваа постапка се Градски Пазар, Автобуска станица итн.“-стои во соопштението. 

ЛДП смета дека денешните реакции биле автогол на општината и серионо ја разнишале кревката доверба кај граѓаните на локална самоуправа.

OhridNews