– Политичките и непринципиелните одлуки и овој пат не нѐ заобиколија. Отчетот кој го видовме повеќе личи на отчет од Министерството за внатрешни работи отколку на отчет за сработеното во овие сто денови. За жал, јавноста се уште се храни со сезационални соопштенија за долгови од страна на мината власт, со кадровски решенија при што повеќе сакаат да си играат истражни органи како и со одлуки кои задираат во човековите права. Да бидеме објективни до крај, не може да се случат чуда за сто дена, но зато пак како опозициона партија не го подржавме нити молчењето од сто дена, свесно, не оставајќи да сме неми набљудувачи на состојбите кога новата власт правеше грешки во чекори, велат од ЛДП.
По повод првите сто дена, од ЛДП информираат дека подготвуваат проекти кои ќе бидат претставени во Советот на Општина Охрид, каде ќе ја побараат поддршката од сите членови на советот. Првите сто дена опозициско дејствување, од ЛДП потенцираат дека го заокружуваат со предлог проект во интерес на градот и граѓаните, со цел да се наметне нешто ново и корисно за градот.
– Станува збор за проект за старитот дел од градот, за што е изработен план за отварање на занаетчиски работилници, малечки ресторани за храна и пијалоци во автентичен стил, односно унифициран градски стил. Во проектот е опфатено и осветлувањето на секое сокаче од тој дел на градот како и озвучувањето на улиците со тивка староградска музика. Ова ќе биде еден вид проект за самовработување, односно секој сопственик на простор кој ќе пројави желба после презентацијата на проектот да биде субвенциониран и поддржан од страна на оштина Охрид, во поглед на адаптирање и уредување на просториите, велат од ЛДП.
Според нивната пресметка, реализацијата на проектот би значело уште 500 нови сезонски работни места и зголемување на атрактивноста на туристичата понуда.