Андреј Жерновски ќе биде носител на листата за пратеници на Либерално демократската партија во 5-та Битолско-охридска изборна единица.

Партијата вчера ги објави изборните листи за шестте изборни единици за претстојните парламентарни избори закажани за 5 јуни. Во првата изборна единица носител на ќе биде лидерот на партијата Јован Манасијевски, во двојката носител на листа ќе биде екс градоначалникот на Скопје Ристо Пенов,  во тројката Дуфе Кукоски, четвртата изборна единица ќе ја предводи поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, а носител на листата во шестата изборна единица ќе биде досегашната пратеничка Роза Топузова Каревска.

OhridNews