Американските спортски медиуми, повикувајќи се на извори блиски до клубот, јавуваат дека раководството на Los Angeles Lakers има јасен долгорочен план тимот во иднина целосно да се гради околу словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ.
Според ESPN, во Лос Анџелес Дончиќ се гледа како нов лидер на франшизата и наследник на Леброн Џејмс, а клубот веќе работи на создавање ростер кој максимално ќе одговара на неговиот стил на игра.
Американскиот медиум наведува дека Лејкерс планираат да доведат играчи што ќе се вклопат во системот на Дончиќ, со цел клубот повторно да стане сериозен кандидат за шампионската титула во НБА.
Во анализите на ESPN се потенцира и дека клубот сака долгорочно да го задржи словенечкиот кошаркар како централна фигура на тимот во наредните години.
Официјалниот сајт на ЛА Лејкерс претходно објави дека Дончиќ е кошаркарот околу кого ќе се гради иднината на франшизата, додека американските аналитичари оценуваат дека постепено се врши трансфер на лидерската улога од Џејмс кон словенечката ѕвезда.
Според најавите, летниот преоден рок би можел да донесе неколку значајни засилувања во тимот на Лејкерс, со јасна цел, напад на шампионскиот прстен.
OhridNews










