Атлетик Билбао ја искористи очајната “евроформа“ на Манчестер Јунајтед и извојува голема победа на гостувањето на “Олд Трафорд“ со 3-2. “Ѓаволите“ поведоа со голот на Руни на средина на првиот дел, на истекот на првите 45 минути изедначи Љоренте, а во 72 минута Де Марко го најави пресвртот.


Шпанците стигнаа до 3-1 предност со голот на Муниаин. Руни со голот од пенал во судиското надополнување го намали поразот на “ѓаволите“.

Валенсија заврши голем дел од работата уште во првиот меч откако со 4-2 славеше над холандскиот ПСВ Ајндховен. АЗ Алкмар стекна значајна предност против Удинесе од 2-0, додека без победник 2-2 заврши мечот Стандард и Хановер.

М.П.